Промоција на нови книги од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Промоција на нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ ќе се одржи денеска во Порта Македонија, на која ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Станува збор за капитален проект на Владата, со кој првпат се овозможи на македонски јазик да бидат преведени книжевни творби кои се од исклучително значење за светската литература.

На свечената промоција ќе присуствува и претседателот на македонската Влада, Никола Груевски.

Едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ опфаќа вкупно 560 наслови од сите жанрови и периоди од развојот на литературата.