Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“, Книгоиздателството „Матица македонска“и Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија, на 12 март (среда) во 12 часот ќе го промовираат изборот поезија „Лира и меч“ од Шандор Петефи, во препев на македонски јазик на Паскал Гилевски.
Беседа за животот и делото на големиот унгарски поет ќе одржи поетот и литературен критичар Раде Силјан. Во рамките на овој настан ќе биде отворена и изложба на графики од унграскиот сликар и графичар Вилмош Аба-Новак.
На свеченоста ќе се обрати унгарскиот амбасадор д-р Јожеф Бенце, кој ќе говори за соработката на двете држави и за националниот празник на Унгарците.