Првите дела од проектот „Врвови во светската филозофија, историја, психологија и психоанализа“ денеска ќе бидат промовирани на Филозофскиот факултет во Скопје.
Проектот предвидува превод на вкупно 366 капитални дела, со што на македонскиот читател ќе му се овозможи непосреден пристап до идеите и учењата што ги дефинираат светската филозофија, историја и психологија од нивните зачетоци до денес.
На промоцијата ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.