![133107523](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/133107523.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Во Владата на Република Македонија денеска ќе биде промовиран третиот јавен повик за проектот Странски експерти за домашни компании на кој ќе се обратат вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев и амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада.
По презентацијата на досега остварените резултати од овој проект ќе следува обраќање на претставници на стопанските комори, а потоа излагање ќе имаат и претставници на домашни компании кои веќе ја искористиле странската експертска помош.
На крај на настанот ќе следи обраќање на министрите Зоран Шапуриќ, Зорица Апостолоска, Рамиз Мерко и Аднан Ќахил кои ќе отворат дебата со присутните претставници на стопанските комори и домашните компании.