Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во 14 часот во Музејот на македонската борба ќе се обрати на промоцијата на четиритомното дело „Македонска борба за слобода“.
Ова обемно дело е дел од едицијата „Македонски искушенија“ која предвидува печатење на 25 ексклузивни публикации кои произлегоа од документарните филмови посветени на значајни личности, настани, појави и процеси од македонската историја кои јавноста во изминатиот период имаше можност да ги види на Македонската радио телевизија.