Во пресрет на најубавиот период од годината и во духот на празнувањето и дарувањето, НЛБ Банка започнува промотивна кампања овозможувајќи им на корисниците на НЛБ Mastercard кредитните картички да уживаат во празниците и празничните купувања, малку подолго и малку поинаку од останатите.
Имено, корисниците на НЛБ Mastercard кредитните картички кои во периодот од 15.12.2023 до 15.01.2024 година ќе пазаруваат со своите картички, стануваат потенцијални добитници на вредносен ваучер на износ во зависност од вкупната сума направена со една картичка.
Односно, првите 200 клиенти кои ќе направат трансакции во вкупен износ од 10.000 денари со една НЛБ Mastercard кредитна картичка, ќе добијат подарок ваучер од 2.000 денари, додека првите 200 клиенти кои, во текот на промотивниот период ќе направат трансакции во вкупен износ од 20.000 денари, ќе добијат подарок ваучер од 4.000 денари.
Во промотивниот период НЛБ Банка ќе награди вкупно 400 клиенти, корисници на некоја од НЛБ Mastercard кредитните картички, Standard/Light/Happy/Gold.
Кампањата се реализира во соработка со East Gate Mall, а наградените клиенти ќе можат да ги подигнат и искористат ваучерите за шопинг во East Gate Mall во периодот од 15 февруари до 15 мај, следната година.
Повеќе информации за промоцијата и картичните продукти на НЛБ Банка може да се добијат на телефонски број 02/15600, во најблиската експозитура на Банката или на следниов линк.