НЛБ Тутунска банка во периодот од 08.02.2016 до 08.03.2016 година спроведува промотивна кампања за НЛБ MasterCard® Contactless и НЛБ MasterCard® кредитните картички.
Во рамките на промотивниот период, сите кои ќе аплицираат за НЛБ MasterCard картичка, до 08.03.2016 година, картичката ќе ја добијат без членарина за првата година. Сите корисници на НЛБ MasterCard кредитните картички кои ќе направат најмалку 10 трансакции во промотивниот период на било кое продажно место ќе добијат уште една година без членарина.
Исто така, во рамките на кампањата се организирани посебни зимски поволности при плаќањето со НЛБ MasterCard® Contactless картичките. За секој купен билет со НЛБ MasterCard® Contactless дебитната картичка во ски центрите Маврово, Попова Шапка, Пелистер, Крушево и жичницата Милениумски крст – Водно,следува уште еден билет гратис. Промоцијата се однесува за сите купени билети секоја сабота за време на промотивниот период од 08.02.2016 до 08.03.2016 година.
Паралелно со промотивната кампања за НЛБ MasterCard картичките, Банката спроведува и кампања за нов Промотивен Виолетов потрошувачки кредит сокаматна стапкаод само 6% фиксна за првата година и 8,5% променлива за остатокот од периодот. Промотивниот виолетов потрошувачки кредит e на износ до 900.000 мкд, рок на отплата до 120 месеци и се однесува за приматели на плата во НЛБ Тутунска банка. Понудата за овој кредит трае до 08.03.2016 година.
За сите дополнителни информации можете да се обратите во најблиската експозитура, на телефон 15 600 или на веб страната на Банката www.nlbtb.com.mk