– Изградбата на паркот чинеше околу 130 илјади евра, средства обезбедени преку проект на Центарот за развој на ИПР, а преку Бирото за регионален развој. Се надеваме дека со амфитеатарот и сите други придружни содржини ова ќе прерасне во култно место. Штип имаше потреба од фонтана и од еден ваков парк, не само заради „Макфест“ туку и заради штипјани кои сега ќе имаат место за дружење, рече Захариев.
Проектот содржи фонтана, плато до фонтаната а поставени се и висечки мостови околу фонтаната. Исто така, на овој простор ќе бидат запишани и поранешните и идните победници на „Макфест“.
Идејата, конечно „Макфест“ да добие свое обележје во Штип наиде на позитивни рекации кај граѓаните. Штип е препознатлив по фестивалот на забавна музика „Макфест“ и треба да има нешто позабележително кога ќе дојдат луѓе од други места, велат штипјани.
Овој парк ќе биде местото каде во иднина ќе се означува стартот на најдобриот фестивал на забавни мелодии „Макфест“.