Промовиран романот „Црвениот пат“ од Хусеин Мусли

Во рамки на Саемот на книгата денес се одржа промоцијата на романот „Црвениот пат“ од Хусеин Мусли кој е напишанна турски јазик.

Романот го промовираше Муртеза Сулооџа, главен и одговорен уредник на Јени Балкан.

Романот „Kizil yol“ во превод „Црвениот пат“ е вистинска приказна на еден млад скопјанец кој ја губи целата надеж за живот по големиот катастрофален земјотрес во1963 година. Тргнувајќи од мрачните денови кои му ги приредува судбината тој за себе почнува да трага по нова судбина.

Тој се наоѓа себеси на пат кој го води до неговиот сон, а тоа е спортот односно фудбалот. Па, од тогаш единственa цел во живото на  Мусли ќе биде да стане голгетер на Цревена ѕвезда.

Главниот лик во романот е Селајдин Мусли кој уште од раната возраст ги следи фудбалските натпревари на радио и телевизиските преноси и се восхитува на играчите на Црвена ѕвезда. Неговиот стремеж кон фудбалот расте многу брзо и за краток временски период успева да постигне добри резултати.

Покрај настаните со кои се соочува главниот лик во книгата се дава и широк опис за појавите на општествениот живот. Приказната почнува во Гази Баба која е една од најстарите населби на главниот град каде што луѓето живеат спокојно со сите нивни различности. Авторот детално ја претставува маалската култура, соседските односи, старите традиции итн.

На почетокот се става акцент на катастрофалниот земјотрес кој го погодува Скопје на 26 јули 1963 година. Моментот на земјотресот и наредните денови се опишува многу прецизно. Се изложуваат сите чувства на погодените од големата катастрофа.

Селајдин Мусли е еден од многуте млади кои ја губат надежта по земјотресот и бараат излез од морничавата ситуација. Минувајки низ тешките предизвици младиот Мусли наоѓа нешто што му ја враќа изгубената надеж и вербата на живот. Фудбалот станува неговото прибежиште од трауматичните сценарија кои ги доживеал. Секој миг му поминува жонглирајки топки. Одненадеж животот на Мусли се променува од корен. Неговиот најголем сон е еден ден да го облече црвенобелиот дрес на Црвена ѕвезда и да постигнува голови на стадионот „Маракана“ каде чука срцето на југословенскиот фудбал.

Зборот црвен во насловот претставува две основни работи за содржината на оваа книга. Првото значење на зборот црвен во насловот ги симболизира соништата на главниот лик кој со години се труди да ги претвори во реалност. А тоа е еден ден да го облече црвенобелиот дрес на Црвена ѕвезда која во тој период е еден од најуспешните фудбалски клубови на Југославија и пошироко. Второто значење на насловот го претставува периодот во кој се развиваат настаните односно периодот од почетокот на 60-тите па се до крајот на 70-ите, кога на овие простории владее социјализмот. Вториот збор во буквален превод од турски значи пат која во насловот покрај основното значење се користи и со преносните значења. Патувањето на главниот лик од почеток па се до целта во целост се одразува во насловот.

Авторот Хусеин Мусли (роден во Скопје 17.07.1989 г.) е новинар со 14-годишно искуство во печатениот и електронски медиумот кој пренесува вести на турски јазик „Јени Балкан“.

Од 2016 година работи и како уредник во истата редакција. Од 2011 до 2015 година бил дописник за Македонија на државната новинска агенција на Република Турција „Анадолу“.