Промовирани 12 нови дела од три капитални проекти

Нови дела од капиталните едиции „Антологија на светската поезија“, „Превод на антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и „Македонски искушенија“ денеска беа промовирани во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.

На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска и бројни еминентни личности од областа на историјата, уметноста, книжевноста.

Во сите изминати неколку години поттикнати од состојбите со фондовите на стручна и високо ценета научна литература како Влада инициравме повеќе крупни проекти кои значат големо придвижување на нашата земја во овие области. Зад нас се стотици промоции во рамките на проектите „Превод на 1000 стручни научни книги“, учебници со кои се учи на највисоко рангираните универзитети во светот, „ Ѕвездите на светската книжевност“, „130 тома македонска книжевност“, Македонски дејци“, „Превод на антологии од македонската книжевност на шест странски јазици“, проектот „Македонски искушенија“ и многу други, истакна Груевски.

Посочи дека сите овие проекти како и стотици други книги кои се промовирани се резултат на владините заложби културата да се постави во самото срце на системот и како никогаш претходно да се инвестира во нејзиниот развој.

Онака како што работевме цела година, така ја заокружуваме и оваа 2015 година, со нова промоција на два тома од проектот „Антологија на светската поезија“, седум дела од едицијата „Антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и три книги од проектот „Македонски искушенија“, рече Груевски на промоцијата.

knigi1-640x426

Секој од трите проекти…