Промовирано второ издание на книгата „Буниште од емоции“

На саемот на книгата, вчера, беше промовираното второ издание на книгата „Буниште од емоции“ од авторот Џорџ Венистом во издание на издавачката куќа Ад Вербум. Главни промотори на книгата беа рецензентите – мотивацискиот говорник Жарко Костиќ и психолог д-р Крсте Маљановски.

„Ми се допадна филозофскиот пристап на авторот кој помага да разбереме дека за да ја развиеме свеста потребно е да надминеме препреки, потребно е храбро да се впуштиме во играта на животот каде на ист пат се и љубовта и разочарувањето и среќата и тагата и успехот и поразот… Том е  волен да биде ранлив со тоа што искрено сака и таа негова храброст да биде го води на повисоко ниво на свесност и осознавање, на едно друго „буниште од емоции”  или во една  друга реалност, каде тој самиот разбира дека потрагата по другата половина или душа која ќе го исполни фактички е тешко остварливо, бидејќи ние сме комплетни токму онакви какви што сме. Тој трагајќи по другата половина која ќе го надополни, со секое наредно буниште, во основа се осознава себеси и ја развива својата среќа, да биде и да постои со она кое што го има во моментот. Самиот автор вели:”Не го испуштај присуството, немој да страдаш поради отсуството”. И тоа е вистината. Трагајќи по причини да сме среќни,  забораваме дека обично имаме се што ни е потребно да бидеме среќни. Фактички ние сме среќата. Богатство во животот е да си среќен, а најголемо богатство е да си среќен без особена причина. Нашата одговорност е да ја најдеме нашата среќа, а кога ќе почнеме да чекаме некој друг да не направи среќни, тогаш е време за себе-развој и за себе-осознавање. Буништето е буниште се додека велиме дека среќата ни зависи од туѓата љубов или прифаќање, но кога вистински ќе се осознаеме и прифатиме себеси, буништето не е веќе буниште, туку плато на среќа и радост, восхит и слобода на постоењето. Буниште е место каде се фрла или има органски отпад на нива, но почвата го користи самиот фрлен отпад за да биде плодна и да даде плодови. Во нашиот живот доколку одлучиме, можеме да го искористиме „отпадот” или тешките моменти за да одиме нагоре и да успеваме. Се е до нашата одлука како ќе биде. Можеби некој буништа се неопходни за плоден живот и понатамошна среќа“, објаснува Костиќ.

Според Маљановски, книгата претставува опис на личните чувства на авторот и тој ја доживува книгата како „балада за еден временски мал животен период“.

„Невозвратената љубов, како врвна емоција на човековото битисување и разочараноста од неа, се главни карактеристики на ова дело. Скриената тага, со огромна желба и надеж за посреќен живот, потрагата по слобода и љубов се реални слики питоресно опишани во оваа книга што ја прави повеќе од автобиографско дело. Но, се надевам и не мемориско, затоа што авторот има доволно материјал за опис на неговиот живот“, додава Маљановски.

Во своето дело, авторот Венистом ќе напише „се во животот е сместено меѓу две крајности, две дуалности, меѓу две „лепчиња“ кои ја спојуваат душата, емоцијата, чувството, но и опипливото, дофатливото. Главните ликови во книгата „Буниште од емоции“, Том и Венис, во своето двомесечно интензивно човеково доживување, ги минуваат сите Сцили и Харидби на љубовта, но не доволно вешто за да минат на повисокото ниво на восхитување. Љубовта е таа која ги раздвојува нивните Души, кои како Сонце и Месечина постојано го креираат нивното животно патешествие. Но, тоа не е крај. Тие си ветуваат дека постојано ќе останат во комуникација на енергетско ниво. Дали физички ќе бидат (за)едно, ќе покаже времето изразено во човекова димензија“.

Книгата може да се купи уште денес на Саемот на книгата со саемски попуст и понатаму на www.stranica.mk