Пронајден и фатен избеганиот лав во близина на Будва

Пронајдено е младенчето лав, кое на крајот на јануари исчезна во месноста побори над Будва.

Од будванската полиција за црногорските медиуми потврдиле дека во стара куќа на пат кон селото Крапина е пронајдено младенче лав.

Лавот бил лоциран полицаец, кој ги повикал претставниците на Агенцијата за заштита на животната средина кои го фатиле.

Животното ќе биде сместено во просториите на Службата за заштита и спасување додека не се најде соодветно сместување.