
Вчеравечер (3 септември) околу 20 часот и 50 минути, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Џ.(29) и М.Б.(20) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило “фолксфаген туран” со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена бела прашкаста материја- кокаин.
-Во истото време во Горно Седларце лишени од слобода се и А.М.(41) од ова село и А.М.(29) од тетовско Боговиње. При нивен и преглед на нивното возило”бмв” со тетовски ознаки, исто така, им била пронајдена бела прашкаста материја, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Четирите лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.