![pruga](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/pruga.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Мигрант пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија. Се работи за 24-годишен државјанин од Авганистан. Случајот го потврдија и од СВР Струмица. прегледот покажал дека починатото лице било со убодна рана од остар предмет. За време на увидот кај починатото лице биле пронајдени и лични документи врз основа на кои е утврден неговиот идентитет.
Причините за смртта засега остануваат непознати. Од полицијата информираа дека преземаат мерки за расчистување на случајот. На неговото расчистување работи и гевгелиското обвинителство, но во моментов нема конкретни детали.