Пронајден уште еден починат затвореник во „Идризово“

На 05.06.2023 во 09.20 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Идризово било пријавено дека во установата бил пронајден починат осуденикот Б.А.(82) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатира смрт без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.