Бомба од Втората светска војна, беше пронајдена вчера во населба во јужниот дел на Атина, а денеска, поради планираното деактивирање и од безбедносни причини затворени се улици и евакуирани четири згради, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за бомба од стар тип со тежина од над 220 килограми, а беше пронајдена за време на извршување градежни работи.
Деактивирањето ќе биде претпладнево, евакуирани се четири згради и во прекин е сообраќајот на улиците што се наоѓаат во околина.