Понајденна е една до ткн „црни кутии“ од патничкиот авион на воздхопловната компанија „China Eastern“ со 132 патници и членови на екипажот кој во понеделникот се урна во јужна Кина, извести во средата кинеската агенција за цивилно воздухопловство.
Меѓутоа, властите соопштија дека уредот е толку многу оштетен што во моментов не е јасно дали го пронашле снимачот на податоците за летот или за гласните снимките од пилотската кабина.
Не е пронајден ниту еден преживеан во падот на авионот во текот на летот MU5735 во планински предел во близина на Вужу.
Мрежната страница за следење на летовите FlightRadar24.com објави дека авионот од типот „Boeing 737“ брзо понирал, а потоа малку ја повратил височината пред да се урне. Контролата на летот се обидувала да го контактира екипажот повеќепати во текот на инцидентот, но не добиле одговор.
Потрагата по патцниците беше одложена за средата поради обилните дождови во регионот којшто и претходно бил проблематичен за спасувачките тимови поради лизгавите и мочварни услови. Но еден тим спасувачи и стручњаци, сепак, успеал да дојде до местото на несреќата, пренесува агенцијата Xinhua.