Пронајдена дрога во штипско, приведени две лица

Во четвртокот (22.08.2024), по преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишија од слобода 41-годишнат Е.И. од Нов Караорман, а со престој во Штип и нејзиниот сопруг 52-годишниот Н.Д. од Штип.

Имено, околу 11.00 часот кај месноста Шумска куќа на патот за селото Шашаварлија, лицата пристигнале со патничко возило „фолксваген пасат” со штипски регистарски ознаки, од кое излегла Е.И.. Откако ископала наркотична дрога, која претходно ја закопале, таа веднаш била лишена од слобода и спроведена во СВР Штип, а дрогата била одземена. Притоа, Н.Д. со возилото го напуштил местото и покрај издадената наредба да застане и испуканиот предупредувачки истрел во воздух. Набргу, по преземени мерки, и тој бил пронајден и лишен од слобода.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.