Во петокот околу 17 часот во атарот на селото Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.И. на 27, К.М. на 25 и И.И. на 28 години, сите од Штип, затоа што кај нив била пронајдена околу еден килограм марихуана.
Како што соопшти МВР, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.