Пронајдена дрога, затекнати малолетници и неиздавање фискални сметки, утврдено при контрола во угостителски објект во Делчево

Ноќта кон неделата во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022“ полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип и други организациски единици од БЈБ во координирана акција со Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат извршија контрола во угостителски објект во Делчево.

При тоа, пронајдена е бела прашкаста материја, затекнати се пет малолетници по 24 часот, а утврдено е и дека едно лице без лиценца врши дејност обезбедување на објектот. Од страна на УЈП е констатирано дека нема фискални каси во објектот и ќе биде изготвено решение за негово затворање. Затекната е и малолетничка која работела како келнерка, а утврдени се и други неправилности од Државниот трудов инспекторат. Контролите продолжуваат и во наредниот период.