![granata](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/granata.jpg?resize=670%2C447&ssl=1)
На 14.08.2023 во 17.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека во двор од куќа во струшкото село Вишни била пронајдена граната. Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за артилериска граната од Првата или Втората светска војна, калибар 75 милиметри. По преземени мерки, гранатата била безбедно подигната од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка, соопштија од СВР Охрид.