Тело на почината 26-годишна девојка од Кавадараци е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип. Неофицијално, била почината веќе неколку дена.
Возила на полицијата и Итната медицинска помош до пред малку можеа да се забележат пред куќата, додека насобрани луѓе се прашуваа што се случило.
Според првичните информации, девојката во куќата живеела по ќирија. Од СВР Штип повеќе информации најавија за утре, додека увидна екипа на на местото каде е пронајдена починатата девојка.