Пронајдена муниција во дом во охридско

Во петокот околу 16 часот во селото Ливоишта, охридско од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Охрид е лишен од слобода Х.Д. на 29 година од споментото село Ливоишта поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по чл.396 од Кривичниот законик затоа што кај него се пронајдени и одземени еден ловен карабин „заводи црвена застава“ кал.8×57 мм и 56 куршуми различен калибар.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.