Осумдесет и три годишната М.Б., која пред три дена беше пронајдена мртва во својот дом на улицата „Димитар Цветинов“ била убиена.
Првичните информации од ОЈО Струмица по извршената обдукција покажале дека причина за смртта е надоврешна сила, односно таа била задавена или задушена.
Од струмичкото Oбвинителство не соопштуваат повеќе детали во интерес на истрагата. Додаваат дека интензивно се работи на расчистување на случајот и откривање на сторителот или сторителите на овој грозоморен чин.
Инаку, безживотното тело на старицата, која живеела сама, беше пронајдено во петокот попладне од блиски членови на семејството, кои повикале Итна медицинска помош, а оттаму ја известиле полицијата.