Пронајдени се телата на 14 загинати во поплавите и одроните во северниот дел на областа Херцеговина, а се стравува дека овој број ќе се зголеми, соопштија властите на Херцеговско-неретванската жупанија со седиште во Мостар.
„Со големо жалење можам да констатирам дека во овој момент имаме четиринаесет потврдени смртни случаи, односно пронајдени четиринаесет тела, за жал, со тенденција да се зголеми оваа и онака трагична бројка“, рече на вонредната прес-конференција началникот на Секторот за информирање на Кризниот штаб на Владата на Херцеговско-неретванската жупанија Дарко Јука.
Обилните врнежи предизвикаа хаос во областа на градовите Јабланица и Коњиќ во текот на изминатата ноќ, а поројни поплави, свлечишта и одрони однесоа човечки животи. Има голем број исчезнати и повредени лица.
„Меѓу нив има многу настрадани и посериозно настрадани. Службите прават сѐ што можат на терен да ги однесат жртвите до најблиските медицински установи“, додаде Јука.
Настраданото населени се спасува со помош на чамци на вооружените сили и нуркачки клубови и хеликоптери.
Една тешко повредена трудница со хеликоптер на ЕУФОР била префрлена во болницата во Мостар, но бебето го загубила при породување, додека другото момче кое исто така било пренесено е во стабилна состојба.
Сообраќајната комуникација од правец на Сараево кон Коњиќ беше воспоставена само нешто пред пладне, додека во Неретва во еден дел пропадна главниот пат за Јабланица од Мостар. Патот кој води кон Прозор од Јабланица е покриен со одрони на 3,5 километри.
Уништени се неколку семејни куќи, а водената стихија однесе неколку мостови на подрачјето на Јабланица.
„Не се сеќавам на ваква криза од времето на војната овде. Грда споредба, но трагична“, истакна Јука.
Владата на апелира населението да не се упатува со возила конЈабланица и Коњиќ бидејќи се создаваат дополнителни проблеми. Валдата ги ангажираа сите расположливи сили за да им помогнат на настраданите и привремено да ги стават на безбедно.