На 06.08.2020 во 01.50 часот на бул.„Александар Македонски“, во близина на бензинска пумпа во Радовиш, полициски службеници од Полициска станица Радовиш пронашле 17 мигранти, од кои 13 од Пакистан и 4 од Кашмир. Лицата се предадени за понатамошна постапка на полициски службеници од Полициска станица за гранична контрола и граничен надзор Ново Село.