Денеска (14.07.2022) во близина на село Доброшинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Исток, пронашле 49 лица мигранти.
Од нив, 47 од Пакистан, 1 од Сирија и 1 од Индија.
Мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.