
На 14.10.2021 полициски службеници од полициска станица Битола го лишиле од слобода К.Н.(67) од Битола.
-При претрес на дом и други простории на ул.„Илинденска“ во Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, таблетки, две ловни пушки, пиштол и куршуми, информира МВР.
По документирање на случајот, по насока на Јавен обвинител, против него ќе биде поднесен поднесок поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик.