Пронајдени два пиштола можеби поврзани со ликвидациите и мобилниот на Вања

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата одржана вечерва истакна дека денеска се пронајдени два пиштола, но дали со нив се извршени убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски дополнително ќе се утврдува.

„Пронајдовме денеска два пиштола, меѓутоа треба да се вештачат“, одговори Спасовски кој додаде дека оружјата се пронајдени на територија на Скопје.

Министерот потврди и дека полицијата го има пронајдено мобилниот телефон на 14-годишната Вања.