Пронајдени двете девојчиња од струшко по кои трагаше полицијата

Во петокот полициски службеници од ЕВР Центар и Бит пазар при СВР Скопје во центарот на Скопје ги пронајдоа двете малолетни девојчиња А.С. на 15-години од струшкото село Лажани и 14-годишната Т.П.  од селото  Мораишта, исто така, во струшко, и тие ќе бидат предадени на родителите.

Двете девојчиња и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и биле враќани, велат од Министерството за внатрешни работи.