алеонтолози откриле фосили, коишто наликуваат на сунгери, во древните гребени a чија возраст се проценува на 890 милиони години, и доколку овие резултати бидат потврдени, тоа би било откритие на најстарите повеќеклеточни живи организми на Земјата, се наведува во студијата објавена во научното списание Nature.
Се верува дека првите повеќеклеточни организми, кои со сугурност може да се сметаат како животни, се појавиле на Земјата пред околу 635 милиони години во едијакарија, последниот геолошки период на Протерозоикот. Станува збор за вендебионите, загадочните радијално и двострано симетрични организми коишто имале седентарен (во едно место) или малкуподвижен начин на живот.
Сепак, некои научници веруваат дека првите животни на Земјата биле сунгерите, повеќлеточни морски организми прикачени на дното, кои и денес се распространети низ целиот свет. Добро сочуваните древни фосили на сунгери се познати од кембријскиот период, кој започнал пред 541 милион години, но вилогенетските анализи и биомаркерите покажуваат дека сунгерите постоел многу порано, а во седиментни карпи стари 750 милиони години научниците откриле силициумски спикули, елементи на минерализираниот скелет на сунгери.
Канадскиот палентолог Елизабет Тарнер од Универзитетот Лоренти открила фосили извонредно слични според структурата со сунгери во древните гребени во северозабадната Канада. Гребените од своја страна се бактериски структури, составени од калциум карбонат и стари се 890 милиони години.
Во примероците од карпите, Тарнер идентификувала разгранети мрежи на тубуларни структури минерализирани со клаците, односно кристелен калциум карбонат. Научничката истакнува дека овие структури многу потсетуваат на влакнестиот скелет на рожнат (роговидниот) сунгер, кои во денешно време се користи за правење сунгери за миење во домаќинствата.
Авторката верува дека овие структури може да претставуваат фосилизирани остатоци од рожнатите сунгери кои живееле на карбонатните гребени кои уште 90 милиони години пред нивото на куслородот на Земјата да се зголеми до концентрации кои се сметаат за суштествени за поддршка на животинскиот живот. Доколку се потврдар претпоставките, ќе произлезе дека еволуцијата на најаните животни на нашата планета се случила независно од оксигенацијата, заситеноста на атмосферата со кислород, и дека првите организми успеале да ги преживеат најсуровите глобани заладување во историјата на Земјата, односно глацијацијата во криогениот период, кој се случи пред меѓу 720 и 635 милиони години.
Судејќи според резултатите од микро-петрогафската реконструкција, најстариот сунгер бил прицврстен организам сличен на црв со големина од неколку милиметри до еден сантиметар, кој живеел на површината или внатре во гребените изградени со калцификацина на цијанобактериите фотосинтетизатори.
Во студијата се објаснува реткоста на наодите на сунгери од пеопротерозојската возраст до фактот дека, најверојатно, тие немале минерализирани скелети, од силициум или варовнички, туки се состоеле исклучиво од протеини, спонгиново или кератински соединенија. Затаи, како што верува Тарнер, во древните наслаги потребно е да не се бараат елементите на скелетото, спикулите, туки отпечатоци од меките ткива што ја зачиваче структурата. Ваквите структури и претходно биле среќавани од палеонтолизите, но тие биле протолкувани како фосилни колони на алги или протозои.