Пронајдени последните тела во јахтата која потона кај Сицилија

Сицилијанците објавија дека нуркачите ги пронашле последните две исчезнати тела во потонатиот брод на суперјахтата Баезија.

Претходно денеска беше објавено дека се пронајдени телата на четворица од шесте лица кои исчезнаа по потонувањето на јахтата кај брегот на Сицилија. Потрагата продолжи трет ден, откако капетанот на бродот бил сослушан во италијанското обвинителство за потонувањето, пренесува Гардијан.

На јахтата на милијардерот Мајк Линч што потона во близина на брегот на Палермо имало 22 лица, од кои 15 биле спасени, а нуркачите претходно го извлекле телото на готвачот на бродот Рекалдо Томас.

Првите две тела што нуркачите ги извлекоа од потоната јахта на брегот на Сицилија претходно денеска се телата на Мајк Линч и неговата ќерка Хана.

Малку подоцна беше потврдено дека се пронајдени уште две тела, со што вкупниот број на потврдени жртви се искачи на пет.

https://twitter.com/TrueCrimeUpdat/status/1825924541161550052

Покрај Линч, меѓу исчезнатите беа и неговата 18-годишна ќерка Хана, претседателот на банкарската компанија „Морган Стенли“, Џонатан Блумер и неговата сопруга, како и адвокатот на Линч, Крис Морвило и неговата сопруга Нада.

Се верува дека бродот потонал поради невремето што ја нападна таа областа.