Пронајдени телата на Мајкл Линч и неговата ќерка Хана по потонувањето на јахтата во Сицилија, нуркачите трагаат по четири тела (ВИДЕО)

Двете тела што нуркачите ги извлекоа од потоната јахта на брегот на Сицилија претходно денеска се телата на Мајк Линч и неговата ќерка Хана.

Потрагата по шестмината исчезнати сега е трет ден, откако јахтата потона во понеделникот рано наутро поради ненадејно торнадо, пишува Дејли Меил.

Инаку, сѐ уште трагаат по четири лица, од вкупно 22 кои биле на јахтата во моментот на бродската несреќа. Според извештаите на италијанска „Република“, во внатрешноста на бродот, зад два душека биле пронајдени две тела.

Покрај технолошкиот претприемач Мајк Линч, кој е познат како „Британецот Бил Гејтс“, неговата 18-годишна ќерка Хана Линч, чии тела денеска беа пронајдени, сега како исчезнати се водат претседателот на „Morgan Stanley International“ Џонатан Блумер, неговата сопруга Џуди Блумер, адвокатот Крис Морвило и неговата сопруга Неда Морвило.

Телото на готвачот на јахтата, Рекалдо Томас, било пронајдено набргу по потонувањето на бродот.

Малку подоцна беше потврдено дека се пронајдени уште две тела, со што вкупниот број на потврдени жртви се искачи на пет.

https://twitter.com/mamboitaliano__/status/1825826192924000514
Претходно денеска бројни светски медиуми, објавија дека британскиот тајкун Мајк Линч, познат и како „Британецот Бил Гејтс“, имал бизнис и со британските и со американските безбедносни агенции.
Исчезнувањето на британскиот технолошки тајкун Мајк Линч во бурните мориња кај брегот на Сицилија стана уште почудно кога неговиот деловен партнер Стивен Чембрлен загина во сообраќајна несреќа два дена претходно, пишува Политико.