Пронајдени уште три тела на местото на експлозијата во Леверкузен

July 27, 2021. REUTERS/Leon Kuegeler

Три тела се пронајдени во урнатините на постројката за согорување отпад по експлозијата во вторникот во ткн Хемиски парк близу западниот германски град Леверкузен, објавија во четвртокот полицијата и судските иследните, со што вкупниот број жртви досега се зголеми на пет.

Телата биле пронајдени кога сусдските иследници започнале да работат на местото не несреќата во индистриската зона крај Леверкузен. Со тоа официјалната бројка жртви се искачи на пет луѓе, бидејќи телата на две загинати лица беа пронајдени неколку часа по експлозијата и пожарот во вторникот утрото.

Две лица сѐ уште се водат како исчезнати, додаваат иследниците. Само ден по експлозијата спасувачките екипи изјавија дека има малку надежи да ги пронајдат преживеани на местото на нереќата во која 31 лице се повредени, од кои четворица потешко.

Беа потребни два дена за да се овозможи безбеден и сигурен пристап до местото на несреќата на иследниците, поради можните согорувања на отровни супстанции. Придружувани од полицијата простигнале стручњаци за природна околина и за криминалитет. Во истрагата се користат и дронови.

Во средата беше отворена истрага за убиство од небрежност. Полицијата не е сиругна дали ќе биде можен пристап во сите делови на погоните, бидејќи постои опасност од уривање на структурите коишто сѐ уште стојат и од контаминација со токсичните хемикалии.