Пронајдено е телото на мажот, кој исчезна во Вардар по сообраќајката кај Рашче

Пронајдено е телото на мажот од несреќата кај Рашче, информираат од Центарот за управување со кризи. Претходно синоќа беа извлечени телата на три жени од автомобил „ауди“, кој вчера попладне се излизга во водите на Вардар, во близина на селото Рашче.

Во автомобилот во моментот на несреќата имало три жени, маж и четиригодишно дете. Детето, за среќа паднало на патот во моментот на лизгањето на автомобилот и со телесни повреди е пренесено во клиниката 8-Септември.

Четирите тела на роднините од Грчец ќе бидат однесени на обдукција, по што ќе се утврдат причините за несреќата.