Пронајдено петтото тело по железничката несреќа во Германија

Пронајдено е уште едно тело а уште по неколку лица се трага, објави во саботата полицијата по железничката несреќа од петокот во јужна Германија, со што досега бројот на жртвите се искачи на пет, а уште 44 други се повредени.

Несреќата се случи во петокот во селото Бурграјн во близина на Гармиш-Паркенкирхен, кога регионален воз на релацијата кон Минхен, главниот град на сојузната покраина Баварија, излетал од шините. Според очевидци, неколку вагони се превртеле и се лизнале низ железничкиот насип.

Пронаоѓањето на исчезнатите беше отежнат, бидејќи морало да биде подигнат еден од превртените вагони.

Меѓу патниците имало и многу деца. Во Германија во петокот започна и тридневниот викенд за празникот Духови на кој продолжува еднонеделниот училишен распуст.

Истовремено во средата во Германија започна и продажбата на месечните билети од 9 евра за јавниот сообраќај а кои важат и за локалните возови на територијата на целата земја, што уште отсега предизвика невообичаено големи метежи во локалните и приградските возови, особено во туристички атрактивните области.