Во СВР Скопје вчера попладне било пријавено дека во автобус на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје има починато лице, информира МВР.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Ј.М.(59) од село Биљановце, кумановско.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавенобвинител телото било предадено на семејството.