
Жител на Велес пријавил дека кај место викано „Јаниташ“ во Велес забележал човечки труп во Вардар.
Откако за брзо време пристигнала полициска патрола, телото е предадено на обдукција, а истражителите започнале истрага за утврдување на идентитетот и целосно расчистување на случајот.