
Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е изгубен. Телефонот бил пронајден кај друго лице кое рекло дека го добило на подарок. По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен и веднаш даден на вештачење.
„Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лицеинформираат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција“, се вели во соопштението на Обвинителство.
Обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на СЈО.