Полицијата денеска соопшти дека лешот е најден вчера во 09:40 часот на околу 20 метри од државната граница во македонска територија. Полициски службеници од ОДГ „Белановце“ се упатиле на местото и пронашле човечки череп.
Поради непристапност на теренот, односно отежнато движење со возила и стемнување, за денеска е закажан увидот на местото на настанот.