Пронајден скелет од времето на Александар Македонски

Грчките археолози пронашле костур за кој се надеваат дека ќе ја реши мистеријата за тоа кој е погребан во огромната, богато украсена гробница од времето на Александар Македонски, лоцирана во близина на древниот град Амфиполис , пишува Вечер.

Официјалните лица во Грција наведуваат дека очигледно се работи за скелет на важна личност, можеби Роксана, сопругата на славниот македонски војсководец, Олимпија, неговата мајка или пак некој од неговите генерали.

Скелететот ќе биде предаден на понатамошни анализи, а првите наоди на експертите ќе бидат предадени на 29. ноември.