Др. Николас Ривс, англиски археолог кој работи во Универзитетот во Аризона, тврди дека го пронашол тајниот премин во гробниицата на Тутанкамон кој води до гробницата на Нефретити.
Др. Ривс вели дека дошол до откритието по анализите од скенирањето на ѕидовите на гробниицата на Тутанкамон кои откриваат дека надвор од просторијата во која почивал младиот крал, постојат уште две простории, од западната и северната страна.
Во северната страна се наоѓа „недопрено место во почива сопственичката на гробницата – Нефретити, тврди Ривс.
Ако се преведе дигиталниот приказ во физичка реалност, делува не само дека сме пронашле нова просторија од ерата на Тутанкамон, туку и самата кралица Нефретити, вели Ривс за магазинот „The Economist”.
Ако е точна неговата теорија, тоа ќе реши низа недоумици кои ги мачеле стручњаците кога станува збор за гробниицата на Тутанкамон.
На пример, пронајденото богатство изгледало како да е оставено на брзина. Гробницата е позиционирана десно од влезот, иако во египетската култура на таа страна најчесто биле погребувани кралиците, а не кралевите.
Оввен тоа, гробницата на Тутанкамон не е ништо поголема од нејзиниот влез, што исто така било невообичаено.
Во комбинацијата со слики, Ривс смета дека гробницата и’ припаѓала на Нефретити и дека дополнително е одлучено таму да се прегради место за Тутанкамон како „гробница во стил на ходник – грбница во гробница“.
Ѕидот зад кој, според мислењето на Ривс, е гробницата на убавата кралица, е декориран со религиозни сцени, можеби во рутуал кој би требало да и’ овозможи заштита во „другиот свет“.
Само една кралица на 18. династија добила такви почести, а тоа е Нефретити, вели др. Ривс
Нефретити, чие има значи „убавата пристигна“, била кралица на Египет и сопруга на фараонот Акхенатен, во текот на 14 век п.н.е.
Таа со сопругот го воспоставиа култот кон сонцето и промовирала уметност која била сосема поинква во однос на тогашните стандарди.
Нејзината титула значи дека верројатно имала и владечка функција и дека по смртта на соругот била фараон.
Сепак, и покрај нејзиниот статус, нејзината смрт и погребување, останале мистерија до денес.
Ако др. Ривс е во право, скриената гробница веројатно крие многу поголемо богатство од гробницата на Тутанкамон.