Тромблонска мина била пронајдена вчера во Гостивар, информираа од МВР.
Случајот во полиција околу 11 часот го пријавил Ф.Б.(53) од Гостивар. Тој ја забележал експлозивната направа во населбата Циглана и ја информирал полицијата. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и од Дирекцијата за заштита и спасување. Експлозивната направа била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.