Пронајдени се остатоците од приватниот авион кој летал на линија Венеција – Лајпциг, а се урна на западот на Словенија. Во авионската несреќа сите четворица патици загинаа.
Авионот исчезнал од радарот околу 10.34 часот, а неколку часа подоцна неговите остатоци се пронајдени во Предмеје.
Полицијата го обезбедува местото на несреќата, а очевидци опишуваат дека леталото непосредно пред несреќата се вртело како да изведува акробаци.
Пожарникарите ги нашле јагленосаните тела на патниците, а непосредно пред уривањето пилотот известил за проблеми во текот на летот. Полицијата потврдува дека авионот бил во беспрекорна состојба и ги имал сите потребни дозволи за лет.