Вчера, од страна на СВР Тетово извршен е претрес во шест куќи и помошни простории во околната на населба Циглана, гостиварско. Во претресот во четири куќи , сопственост на М.Т(49), Ј.З(40), И.Т(43) и Д.Ј(40), пронајдени се повеќе предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кражби.
Пронајдените предмети со потврда се одземени и ќе бидат вратени на сопствениците. Се превземаат активности за целосно расчистување и документирање по што ќе следуваат соодветни поднесоци.