Дваесет и четири часа по исчезнувањето во водите на Туријска река, во селото Бановац се пронајдени телата на 3 годишната Маша Миленковиќ и 11 месечниот Мартин.
Телото на малата Маша е најдено 500 метри подалеку од местото каде паднала во водите на реката, а телото на 11 месечниот Мартин е пронајдено еден километар подалеку.
Децата вчера утрото се шетале со нивната мајка. Маша фрлала каменчиња во реката, изгубила рамнотежа и паднала. Кога мајка и се обидела да ја спаси влечејќи ја за облеката, го испуштила од раце бебето. Водата ги однела двете деца пред очите на нивната мајка Билјана.