Пронајдениот труп однесен на Родос, ќе се утврдува дали е Дениса

Женскиот труп во напредна фаза на распаѓање кој беше пронајден во водите на Егејското море, а за кој постои сомнеж дека е исчезнатата Дениса Маркоска е однесен на Родос.

Таму ќе биде направена аутопсија со цел да се утврди времето на смртта или други информации, кои ќе придонесат за откривање на идентитетот и причината за смртта.

-Според првичните индикации, може да се работи за 23-годишната Дениса Маркоска која на 12 септември исчезна од бродот за крстарење „Серенисима“ на кој работела. Бродот тој ден пловел меѓу Карпатос и Родос, а негова крајна дестинација бил Агиос Николаос, пишува „Етнос“.

За целиот настан се известени и македонската Амбасада во Атина и македонските власти.

Дениса Маркоска исчезна во близина на Крит. Последен пат беше видена на крузерот на кој работела.