Пронајдените траги од Гошинце дадени на вештачење

Голем број траги се пронајдени при увидот кај караулата во Гошинце по извршениот терористички напад. Истите се предадени за понатамошна обработка и вештачење.

Изминатата ноќ не се регистрирани никакви инциденти, а екипи постојано патролираат на северниот дел од границата, информираат од МВР.

Оперативци и раководители од Министерството за внатрешни работи одржале состанок со косовските власти на кои им биле презентирани доказите и трагите со кои располага македонската полиција и од истата била побарана соработка за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицата.