По цели три дена агонија, драмата околу исчезнувањето на четиринаесетгодишната Нина Живковиќ заврши со среќен крај.
Девојчето конечно е дома, здрава и жива. Властите во Србија не соопштуваат каде е пронајдена со оглед на тоа што станува збор за малолетничка.
Таа исчезна во вторникот во Белград, а српските медиуми пишуваат дека причина за тоа се слабите оценки во училиште.
Според информациите, таа не можела да им каже на родителите за своите оценки и побегнала од дома.
ФОТО: Фејсбук