Пронашле вреќа во контејнер, ја запалиле и предизвикале есплозија

Дваесет и шестгодишен прилепчанец заедно со неколку деца на десетгодишна возраст биле повредени во експлозија која самите ја предизвикале.

Тие во контејнер пронашле црна вреќа во која имало зрнеста и топчеста материја и патрони од ловна пушка. Со чкорче од кибрит ја запалиле смесата при што настанала експлозија.

Тие биле пренесени во болница каде им се констатирани тешки телесни повреди.